Љубов и Секс

Четири хороскопски знаци кои се најсклони кон промискуитет

Четири хороскопски знаци кои се најсклони кон промискуитет

Скорпија

За скорпиите често може да се слушне дека се олицетворение на сексот и дека одат од крајност во крајност: или ќе имаат неколку партнери истовремено или ќе бидат опседнати со една личност. Сексот е важен дел од нивниот живот, кој ги тера на предизвици и постојаната потрага по нешто ново и возбудливо.

Риби

Рибите се склони кон живот во фантазии, па често завршуваат со погрешни личности, додека не ја најдат вистинската. Кај нив, промискуитетноста произлегува од непоправливиот оптимизам и желбата за вистинска љубов, а помалку од желбата за секс.

Близнаци

На сите животни полиња, близнаците сакаат да имаат неколку опции, па така и на љубовното поле. Не им е проблем да се впуштат во сексуален однос доколку во прашање е нивното задоволство. Тешко се задоволуваат со рутина и постојано се во потрага по нешто ново и различно.

Стрелец

Либидото на стрелците никогаш не е задоволено. Сакаат да бидат слободни и да ги задоволуваат своите желби на различни начини. Со други зборови, стрелците сакаат да ги ловат своите страсти.

извор:кајгана.ком