Љубов и Секс

Бидете со маж кој може да се носи со овие работи…

Бидете со маж кој може да се носи со овие работи…

Бидете со маж кој никогаш нема да ве нарече луди, дури и ако сте дошле кај него со плачење поради некоја ситница која ви се случила на работа. Дури и кога не разбира зошто сте вознемирени. Тој не треба и не мора да разбере. Сѐ што треба да знае е дека сте повредени и дека сака да биде човекот кој ќе ве орасположи. Тој сака да биде човекот кој ќе направи повторно да се чувствувате добро.

Бидете со маж кој ќе ви помогне да ги решите проблемите, наместо да стои и пасивно да набљудува, гледајќи како патите. Бидете со маж кој ќе ве потсети дека е океј да побарате помош, кој ќе ве потсети дека не сте сами и дека секогаш можете да се потпрете на него.

Бидете со маж кој ја цени вашата подготвеност да бидете отворени со него и знае дека единствена причина поради која му ја кажувате вистинате е поради тоа што ви е удобно со него.

Бидете со маж кој одговара на пораки. Бидете со маж кој сака да работи на проблемите, наместо да ги игнорира. Бидете со маж кој вложува труд во вашиот однос, затоа што се грижи за вашата врска и сака врската да трае.

Бидете со маж кој никогаш нема да направи да се чувствувате лошо затоа што патите од анксиозност или депресија. Бидете со маж кој разбира дека иако сте одговорни за своите постапки, немате секогаш контрола над своите чувства. Понекогаш стравот ве надладува и прави да се вознемирувате за работи кои инаку не би ве вознемириле.

Бидете со маж кој нема проблем да сподели дел од својата душа со вас. Кој сака да знаете каков е навистина.

Бидете со маж кој нема ограничувања на неговата љубов кон вас. Бидете со маж кој мисли дека сте убави, дури и кога плачете. Бидете со маж кој ќе направи сѐ за да ги тргне солзите од вашето лице, затоа што вие сте љубовта на неговиот живот.

Затоа што вие сте сѐ што некогаш посакувал и многу повеќе од тоа…

извор: курир