Љубов и Секс

Бегање од рутината: Сексот е подобар во хотелска соба отколку дома!

Бегање од рутината: Сексот е подобар во хотелска соба отколку дома!

Сигурно некогаш сте имале секс во хотелска соба, а ако сте помислиле дека било многу подобро отколку дома, сигурно сте биле во право. Тоа го тврдат и научниците, а една од главните причини е новото опкружување кое стимулира лачење допамин, хормонот на среќа.

Истражувањето кое е спроведено во 2018-та година покажало дека речиси половина Американци сметаат дека сексот е подобар во хотел, отколку дома, а главната причина за тоа е новото опкружување.

Оддалечување од спалната соба во која обично имате секс со партнерот и престој во ново, непознато опкружување е возбудливо само по себе, објаснуваат научниците.

„Huffington Post“ наведува дека други истражувања покажале дека новото опкружување во човечкиот мозок стимулира лачење на допамин, хормонот кој има голема улога во сексуалното возбудување и кое го зголемува задоволството.

Освен тоа, хотелските соби ги асоцираат паровите на одмор и бегање од секојдневниот стрес, кој всушност го намалува сексуалниот нагон. Научниците тврдат дека приватноста во хотелските соби го прават сексуалното искуство поопуштено и попријатно.

Сексуалната терапевтка Мариса Нелсон вели дека на паровите на кои бракот им е во криза, често им предлага престој во хотел.

Појаснува дека воопшто не мора да патуваат далеку, бидејќи им сугерира одмор кој ќе трае неколку дена, за време на кој ќе имаат прилика повторно да се поврзат и да бидат интимни.

извор: точка.мк