Љубов и Секс

Апстиненцијата од секс може да биде фатална за мажите – експертите објаснуваат зошто редовниот секс е важен

Апстиненцијата од секс може да биде фатална за мажите – експертите објаснуваат зошто редовниот секс е важен

Потребата за физички контакт никогаш не престанува, па дури и доколку потсвесно ја потиснеме истата.

Ескпертите тврдат дека апстиненцијата од секс може да доведе до низа проблеми, а пандемијата и социјалното дистанцирање ширум светот доведоа до тоа многу од луѓето со месеци да не допрат никој.

Професор Кори Флојд од Универзитетот во Аризона вели дека ништо не може да се спореди со физичкиот допир.

„Кога имаме можност да бидеме во физички контакт со некој, да се допреме, да се држием за рака, да се прегрнуваме, да се бакнуваме, тоа моментално е и физичко здравје, а со себе носи и нов сет на бенефити, а сè друго што правиме е несовршена замена за сето тоа“ – вели Флојд.

Психотерапевтка и сексолог од Њујорк, Дулчинеа Питагора вели:
„Кога оние кои што сакаат да имаат секс и кои што се навикнати редовно да имаат сексуални односи, ќе почувствуваат недостаток на тоа задоволство, сето тоа може да биде штетно за нив. Се раѓа чувство на изолираност, несигурност и пад на самодоверба“ – вели таа.

Еден експерт исто така вели дека апстиненцијата го нарушува и квалитетот на вашиот сон.

Имено, организмот има многубројни здравствени бенефити. Не само што после сексот се чувствуваме прекрасно, туку го намалува и нивото на анксиозност кај поединецот.

„Во текот на оргазмот лачиме ендофрин кој што го намалува нивото на стрес, барем привремено и води кон позитивни чувства поради кои што поединецот е среќен“ – вели доктор Рејчел Мидл.

Совет за луѓето кои што апстинираат
Прегрнете ја перницата – притисокот на кожата имитира допир на друга личност и може да го излаже мозокот да ”помисли” дека се прегрнувате со некој.

Автомасажа – прекрстете ги рацете како самите да се прегрнувате себеси, тоа може да ве опушти.

извор:супермен/точка.ком.мк