Љубов и Секс

91-годишна секс терапевтка советува кога е најдобро да го сокриете неверството

91-годишна секс терапевтка советува кога е најдобро да го сокриете неверството

Докторката Рут Вестеимер е успешна секс терапевтка која од 1981-ва година, меѓу останатото, ја води емисијата „Sexually Speaking“.

Во новото интервју за Инсајдер открила кога неверството е прифатливо, а тврди и дека во тој случај подобро е да се сокрие.

Не верувам во искреност по секоја цена“, започнала 91-годишната секс терапевтка, и потоа објаснила на што точно мисли: „Ако еднаш сте го изневериле партнерот под дејство на алкохол и повеќе никогаш не сте ја виделе личноста со која сте го направиле тоа, тоа задржете го за себе. Не му кажувајте на партнерот.“

Терапевтката смета дека чувството на грижа на совест кај личноста која направила таква работа е двојна казна и индикатор дека не треба да му се каже на партнерот за да се загрози врската или бракот.

Советот на докторката Рут оди во прилог на “нејзиниот“ пол, бидејќи недамнешното истражување објавено во магазинот „Royal Society Open Science“, покажало дека жените се подобри во сокривање на неверството, пренесува Њујорк Пост.

извор:точка.ком.мк