Љубов и Секс

9 типови на секс кои паровите ги практикуваат во првите 2 години од врската

9 типови на секс кои паровите ги практикуваат во првите 2 години од врската

Доколку сте долго време во врска, веројатно додека го читате текстов на секоја точка со воздишка ќе констатирате: „Е, да“.

Ако сте во нова врска, без грижи, ќе дојдете и до оваа фаза. „Buzzfeed“ издвоиле 9 типови на секс кои сите парови ги имаат во првите две години од врската.

1. Брз секс со минимален труд

Двајцата сте уморни или нешто друго ви се „мота“ низ глава, но брз секс пред спиење или наутро пред работа не сакате да пропуштите.

2. „Одамна не сме имале секс.“

Ги знаете тие периоди: одеднаш имате многу работа, дома си доаѓате уморни и само креветот ви е во глава, но не за секс, туку за спиење. Понекогаш имате впечаток дека вие и партнерот сте само цимери кои делат ист кревет.

3. Препијани за секс

Малку сте претерале со виното и во еден момент ве пристигнува желбата, а јасно ви е дека само меѓусебно ќе се расправате, бидејќи во тој момент координацијата не ви е на исто ниво.

4. „Премногу изедовме и тешно ни е, но сепак ајде.“

Веќе добро се познавате, па не ви е непријатно доколку за време на сексот испуштите некој звук.

5. Експерименти кои тргнуват наопаку

Сте сакале да пробате нешто ново, бидејќи мислите дека се вртите во круг, но сето тоа завршило катастрофално.

6. Тивок секс во куќата на вашите родители

Сте дошле дома со партнерот за празнците и токму тогаш ве пристигнала желбата, но не смеете да ја разбудите бабата.

7. Секс и покрај утринскиот здив

Ултимативен знак на љубов.

8. Секс за смирување после некоја безначајна расправија

Сте се расправале околу некоја глупост, или бидејќи штотуку сте се разбудиле, или зошто сте биле гладни… Сексот ќе ја изглади секоја ситуација.

9. Изненадувачки попладневен секс

Нема ништо паметно на ТВ, па како поинаку да го исполните времето?

извор: точка.мк