Љубов и Секс

9 работи кои ги научив за љубовта откако се разведов…

9 работи кои ги научив за љубовта откако се разведов…

Разводот е тежок период за секоја личност, но секогаш учиме по нешто и од тие моменти. Една од тие работи е и разбивањето на илузиите и предрасудите кои сме ги имале за љубовта, а кои можеби сме требале порано да ги елиминираме.

Спротивностите се привлекуваат, но само на кратки стази

Супер е ако сте различни. Но, дури и ако сте целосно различни, потребно е барем да имате исти или слични цели во животот и да ги негувате истите вредности. Сосема е нормално да имате различни страсти, тоа дури е и пожелно, но кога станува збор за целите, соништата и идеалите, треба заедно да ги градите и заедно да се движите кон нивно остварување.

Привлечноста е прекрасна, но таа е само еден мал дел од љубовта

Секако дека вашиот сопруг/вашата сопруга треба да ве привлекува, но врската не може да се заснова само на тоа. Хормоните и хемијата можат да го раздвижат светот, но потребни се многу повеќе работи за љубовта да се одржи во живот.

Треба да имате заедничка визија за иднината

Вчера и денес сѐ функционирало совршено, но кога ќе биде за 5, 10, 30 години? Дали работите кои сега ги занемарувате ќе се претворат во огромен проблем? Обрнете внимание на работите кои ги сметате за ситница, бидејќи со текот на времето ќе станат многу поголеми и сосема е можно да ја загушат вашата љубов.

Потребно е целосно да ја прифатите личноста покрај вас

Ова сигурно сте го чуле милион пати, но дали сте свесни колку е важно? Дали ја прифаќате личноста со сите нејзините мани, иритантни пријатели, тешко семејство, нестабилна кариера? Дали навистина го сакате човекот до вас, без оглед на сите недостатоци или се надевате дека со тек на време ќе се промени?

Љубовта не трпи злоупотреби

Ок, вашата личност најчесто е многу фина, но повремено знае да се претвори во вистински ѓавол. Во моменти на лудило ве казнува и ви забранува работи. Тоа не е љубов. Љубовта не е совршена, но не се искажува на тој начин.

Ако не функционирате како поединци, нема да функционирате ни како пар

За да може врската да функционира, луѓето во неа мора да бидат функционални. И двајцата треба да бидете способни да функционирате сами како две независни единки, за да можете заедно да градите врска или брак.

Љубовта не победува сѐ

Иако сакаме да мислиме дека љубовта ќе победи сѐ, во реалноста не е баш така. Љубовта не може да победи болест, не може да ги реши односите со другите луѓе кои влијаат на вашата врска, не може да ги реши туѓите проблеми. Може да помогне, но не и да реши сѐ.

Никогаш не слушаш доволно, иако го тврдиш спротивното

Сите сме уверени дека слушаме кога ни зборуваат, но дали е тоа навистина така? Комуникацијата во врската е многу важна, а слушањето е дел од тоа. Не се прекинувајте меѓусебно, водете цивилизиран дијалог и внимавате на тоа што ви се кажува.

Ако навистина ве сака, ќе ве прифати такви какви што сте

Прифаќање не значи и допаѓање. Некој може да ве прифати како личност, но да не му се допаѓаат одредени карактеристики. Ако тоа не го направи, тоа не е љубов.

извор: skopjeinfo.mk