Љубов и Секс

7 видови секс во кои партнерите од секоја здрава љубовна врска треба да уживаат

7 видови секс во кои партнерите од секоја здрава љубовна врска треба да уживаат

Психолозите препознаа 7 видови секс кои што вообичаено се присутни во здравите љубовни врски.

Сексот во врските мора да биде присутен и разновиден, а за секоја врска особено се важни овие седум видови секс:

1. Бавен секс

Тоа пред сè е љубов, а не секс. Долгите предигри, лесните потези, уживањето еден во друг… Задоволство!

2. Брз секс

„Горењето“ од желба, кинење на облеката, поврзување, понекогаш и пред да стигнете до спалната соба… Или пак тоа можеби сакате да го направите пред огледало, но и на подот. Изборот е ваш, уживајте!

3. Уживање за едниот партнер

Изберете начин и време и посветете се целосно на вашиот партнер. Во тие моменти вашето задоволство не е важно, меѓутоа кога ќе видите дека партнерот ужива сигурно и вие ќе се возбудите.

4. Секс за опуштање

Ова е одличен начин да се ослободите од стресот по некој долг и напорен ден. Во текот на ваквиот секс, важен е контактот со очите со вашиот партнер и целосното препуштање.

5. „Див“ секс

„Дивиот“ секс е вид ослободување, каде што викате, го уништувате мебелот, се гребете… А, потоа исцрпени и среќни ќе си легнете да спиете.

6. Секс – девојката одозгора

Врзете го за креветот, а потоа направете во сопствената соба да се чувствувате како господарица на љубовта. Дури и доколку тоа не го правите воопшто, сепак обидете се!

7. Секс – момчето одозгора

Поигрувајте си со вашите идеи кои што сте ги добиле додека сте го гледале филмот „50 нијанси сиво“. А, можеби имате и некои други фантазии кои што не се опишани во книгите или филмовите.