Љубов и Секс

6 работи кои ниту една жена не треба да ги прави за еден маж

6 работи кои ниту една жена не треба да ги прави за еден маж

Љубовта е чудесна сила која ги движи луѓето. Но, исто така може да биде подеднакво опасна кога не заслепува и нè тера да правиме работи, на кои инаку не би ни помислиле.

Доколку навистина сакате среќен и исполнет живот, тогаш постојат одредени работи кои не треба да ги правите за ниту еден маж, макар тој бил последниот на светот.

Еве кои се тие:

1. Не се откажувајте од вашите соништа

Никогаш не дозволувајте да се најдете во ситуација каде вашиот партнер ќе ве тера да изберете меѓу него и вашите соништа, без разлика колку и да му се чинат истите безначајни. Никогаш не треба да се откажете од нешто што ви е важно вам, само за да му угодите на саканиот.

2. Не го менувајте вашиот надворешен изглед
Само затоа што на вашиот партнер му се допаѓа некоја пејачка, манекенка или актерка, тоа не значи дека треба да се стремите да изгледа како неа. Не го губете вашиот идентитет, само да за да се допаднете некому.

3. Не ги занемарувајте вашите пријатели

Во денешно време, на сите нам ни фали повеќе време, за да ги завршиме предвидените обврски. Но, кога имате слободно време, не би требало истото да го поминувате само со вашиот партнер. Семејството и пријателите исто така ви се неопходни. Поделете го соодветно вашето време, така што никој нема да се чувствува занемарен.

4. Не се претставувајте за нешто што не сте
Никогаш не си дозволувајте да изгледате глупаво или да ја намалувате вашата привлечност. Вие треба да бидете најдоброто нешто кое вашиот партнер го имал. Мажите претпочитаат да се фалат со нивните избранички и запомнете дека тој треба да биде горд со вас, затоа останете такви какви што сте.

5. Не гладувајте
Нема ништо лошо во тоа да држите диета или да практикувате одреден спорт, за да ја одржувајте здравата и виткна линија. Но, најважно е сите овие работи да сакате да ги правите исклучиво за вас, а не само за да му угодите на вашиот партнер. Секогаш треба да се чувствувате задоволни од самите себе.

6. Не му дозволувајте да ве контролира
Колку и да го сакате, не смеете да дозволите вашиот партнер да ве контролира и да донесува одлуки во ваше име. Доколку сте во сериозна врска, сосема нормално е за некои работи да донесувате заеднички решенија. Исто така, сосема во ред е да побарате мислење, но во ниту еден случај вашиот живот не треба да зависи од негвоите одлуки и мислења.

извор:нане.мк