Љубов и Секс

6 најголеми и најчести проблеми во љубовните врски и како да ги решите

6 најголеми и најчести проблеми во љубовните врски и како да ги решите

Светот ќе биде поубаво место за сите само да знаат како правилно да комуницираат. Ова е токму најголемиот проблем во врските – комуникацијата.

Не знаеме како да го искажеме она што го сакаме, бараме изговори, не го контролираме тонот на гласот и едноставно погрешно се изразуваме, но не е дека некој на училиште не научил како правилно да комуницираме. Во текот на последните два месеци во изолација, комуникацијата во врските беше ставена во прашање повеќе од кога и да било, заради количината на стрес што го доживуваме и постојаното време поминато со партнерот.

Луѓето се принудени да бидат дома и гледаат директно во очи кон работи што можеби ги избегнувале порано. Иако проблемите во комуникацијата во врските се вообичаени, тие не мора да бидат константни. Комуникацијата не мора да биде тешка, само треба да научиме кои алатки да ги користиме.

Ви ги донесуваме шесте најчести проблеми во комуникацијата во врските и како да ги решите:

Недостаток на комуникација

Луѓето избегнуваат непријатна комуникација мислејќи дека проблемите ќе поминат, што на долг рок сериозно ја оштетува врската. За да се справите со ова, треба да започнете да зборувате за начинот на комуницирање и за кој посебен начин на комуникација ви значи. Поставете си ги прашањата: Што смета секој од нас како позитивна работа во нашата комуникација? Како можеме да го подобриме? Што ти е потребно од мене во комуникацијата? Само со поставување на овие прашања и постојано работење на тоа, вие ќе решите многу проблеми. Разговарајте за проблемите пред да ескалираат и нормалниот разговор да се претвори во кавга.

Се грижите дека работите ќе се влошат ако „копате” подлабоко

Честопати се грижиме дека ситуацијата ќе се влоши ако се поттикнеме во потрага по решенија за проблемите, но всушност е сосема спротивно – проблемите растат кога се игнорираат. Конфликтот е неизбежен и единствениот начин за успешно решавање на проблемот и намалување на тензиите е преку комуникација. Иако можеби е застрашувачко и срамно да се зборува и да се оди подлабоко во себе и во вашиот партнер, тоа е потребно.

Очекувате партнерот да ви ги чита мислите

Логично, не можете да очекувате вашиот партнер да ви го прочита умот, па затоа е важно тој да знае што се наоѓа во вашата глава, што сакате и што ви треба и да му искомуницирате за тоа. Одвојте некое време за себе да сфатите што сакате од себе и од другата личност. Запрашајте се зошто тоа што го сакате е важно и што точно ви треба, а потоа разговарајте со партнерот.

„Јас секогаш сум во право“

Се разбира, ова не е вистинскиот пристап кон кој било проблем со кој се соочувате. Секогаш има три вистини – ваша, на партнерот и објективната реланост. Треба да прифатите дека вашиот партнер може да има различно искуство или размислување од вас и дека тоа е апсолутно во ред. Можеби зборувате различни јазици на љубовта и само треба да научите доволно од јазикот на другата личност за да можете здраво да комуницирате.

Дефанзивен став и недостаток на слушање

Целта на здравата комуникација е разбирање, а не договор. Многу парови мислат дека треба да постигнат меѓусебен договор, што може да предизвика голем број проблеми. Можеби не се согласувате за многу теми, но обидете се да ја разберете другата страна. Навистина разберете, а тоа бара да слушате и да не се обидувате постојано да победувате во расправијата. Кога паровите се караат, тие често не се караат здраво, користат грди зборови, ја обвинуваат другата личност или ја засрамуваат. Ваквите кавги можат да наштетат и на вас и на врската, но ако кавгата ја видите како можност за меѓусебно разбирање и емпатија, учење, ќе ја подобрите и вашата врска.

Затворање и одбивање разговори

Честопати од желба да не се караат, луѓето знаат да се затворат за да не брзаат кон другата личност, што им штети и на вас и на вашата врска. За да избегнете такво затворање во иднина, договорете 20-минутна пауза за да му кажете на партнерот дека сакате да го продолжите разговорот, само дека треба да се ставите во подобра позиција во главата за да продолжите да комуницирате.

извор: убавина и здравје