Љубов и Секс

6 мажи и жени ги откриваат сексуалните тајни поради кои се развеле

6 мажи и жени ги откриваат сексуалните тајни поради кои се развеле

Клучот за среќна и успешна врска, помеѓу другото, е блискоста, но и добриот сексуален живот. Кога сексуалниот живот на еден брачен пар не е задоволувачки, во нивниот живот се вовлекува трајно незадоволство. Поради тоа многу мажи и жени почнуваат да бараат задоволство надвор од бракот, па во еден момент доаѓа до развод бидејќи таквиот живот повеќе им нема смисла на сопружниците. Сексуалните терапевти често тврдат дека според искуствата на нивните клиенти, незадоволството од сексуалниот живот влијае на намалување на самодовербата и самопочитта. Еве што изјавиле мажите и жените коишто се развеле поради незадоволство од сексуалниот живот.

1. Никакво воведување новитети
„Ја запознав својата сопруга кога имав 17 години и таа беше првата личност со која водев љубов. Откога се венчавме мислам дека и двајцата сфативме дека не сме во состојба да воведеме нешто ново во нашиот сексуален живот. Можеби можевме да бидеме повеќе отворени еден кон друг, но после раѓањето на нашето дете и еден спонтан абортус, почна да ја снемува искрата во сексот. Сфативме дека подобро функционираме како пријатели отколку како партнери.“ – Лука, 35

2. Изневерување
„Мојот поранешен сопруг ме изневери и кога тоа се случи бев подготвена да му простам. Но, тој рече дека не сака моногамна врска така што разводот беше единствената прифатлива опција за мене.“ – Клара, 31

3. Немање односи
„Вистината за мојот брак е дека јас и мојот сопруг имавме секс само три пати во година и пол, колку што траеше и нашиот брак, и тоа беше пресудно да поднесам барање за развод. Мојот поранешен сопруг воопшто немаше желба да дискутираме и да ги истражиме причините (физички и емотивни) поради кои немаше желба за секс. Сметам дека имам полно право да бидам во брак со некој којшто ме посакува. Поради тоа се разведовме.“ – Лидија, 29

4. Редовно посетување проститутки
„Мојот поранешен сопруг беше извонреден љубовник, со кого уживав во текот на 20 години брак. Но, случајно открив дека редовно посетува проститутки и после тоа никогаш не стапив во интимен однос со него.“ – Катарина, 51

5. Пресериозно сфаќање на сексот
„Мојата поранешна сопруга имаше строги упатства за тоа што треба да правам во текот на сексот, така што тоа повеќе личеше на одење на работа отколку на уживање.“ – Јурица, 34

6. Игнорирање на нејзините потреби
„Во мојот прв брак бев многу млад и неискусен и не знаев дека на мажите и жените им е потребен различен пристап во сексот. Го извршував односот брзо додека мојата сопруга очекуваше да трае подолго и да има повеќе интимност. Непријатно ми е сега кога размислувам за тоа.“ – Ловро, 52

извор:кафепауза.мк