Љубов и Секс

6 јасни знаци кои укажуваат дека сè уште не треба да стапите во брак со својот партнер

6 јасни знаци кои укажуваат дека сè уште не треба да стапите во брак со својот партнер

Венчајте се со личноста за која можете да кажете повеќе добри отколку лоши работи и со чии маани можете да живеете.

Најважно е да не брзате, туку добро да размислите пред да го изговорите судбоносното „да“. Луѓето кои се разведуваат речиси секогаш велат дека не ни требало да се венчаат и се прашуваат зошто воопшто се согласиле на брак иако интуицијата им го велела спротивното.

Лин Мередит Голоднер, брачен советник, споделила 6 сигурни знаци кои укажуваат на тоа дека не сте спремни за брак.

Сметате дека вашиот партнер често изгледа неуредно
Како човекот се однесува кон себе е поврзано и со тоа како и другите го доживуваат. Дали излегува од дома во згужвана гардероба или изгледа уредно и пристојно?

Често зад неуредниот изглед се крие неуредна душа, вели Лин.

Забележувате дека партнерот понекогаш е неспособен
Бидете искрени кон себе и запрашајте се дали вашиот партнер е способен да ја задржи својата работа? Дали е спремен да стане родител?

Ако не го сметате за возрасна и сериозна личност, веројатно сè уште не е спремен за брак.

Не сте задоволни со себе
Ако не сте задоволни со самите себе и чувствувате дека треба да поработите на многу работи, стапувањето во брак не претставува решение на личните проблеми.

Не сте сексуално компатибилни
Хемијата во спалната соба има голема поврзаност со тоа колку добро комуницирате со партнерот. Ако сега немате волја и енергија за интимни односи, веројатно нема да имате ни подоцна во бракот, ниту кога ќе дојдат децата.

Чувствувате дека вашата врска пребрзо напредува
Не брзајте со бракот, дајте ѝ време на вашата врска. Добро запознајте го својот партнер пред да одлучите да се венчате.

Вашата веридба или брак делува како туѓ избор
Бракот не е мала работа. Не дозволувајте туѓото мислење да ве натера на тој чекор.

извор:точка.ком.мк