Љубов и Секс

6 чекори кои треба да ги направите по раскинувањето врска

6 чекори кои треба да ги направите по раскинувањето врска

Иако раскинувањето на врска е честа појава, за жал постојат многу лоши совети кои драстично можат да го уназадат вашето закрепнување, па немсто да продолжите понатму во животот – може да се најдете во ситуација тагата да ја залевате со алкохол или по тринаесетти пат да гледате романтична комедија додека јадете кутија од сладолед. Звучи познато? Oва се работите кои не треба да ги правите после раскинување.

Доколку сакате брзо да закрепнете, ова се чекорите кои треба да ги следите:

1. Избришете го бројот, блокирајте го неговиот профил и претсанете да го следите на друштвените мрежи

Не би сакале да имате дневен потсетник на личноста со која сте ја раскинале љубовната врска, а друштвените мрежи се токму тоа. Кога срцето е уште ранливо, за сопствено добро е лошо дури и пасивно да ги погледнувате вестите и фотографиите кои прикажуваат што прави вашиот поранешен партнер после раскинувањето. Во ерата пред друштвени мрежи, луѓето мораа сериозно да се потрудат за да видат што прави бившиот партнер. Од друга страна, денес е апсолутно едноставно да се остане присутен во животот на бившите, а тоа не е добро доколку се обидувате да го преболите.

Можеби бришењето од пријатели на Facebook ви се чини како детски потег, но е сосема исправен потег кој треба да го направите.

2. Посветете се на стекнувањето нови искуства и окупирајте ги своите мисли

Наместо да се сожалувате, посветете се на стекнувањето на новите знаења и вештини. Запишете се на некој курс кој одамна сте го посакувале, за кој досега сте немале време, а доколку сте се иселиле од заеднички стан, окупирајте ги мислите со работите кои треба да ги направите во новиот дом. Гледајте на тоа како позитивен животен пресврт.

3. Бидете физички активни

Наместо да се излежувате на тросед опкружени со недрави грицки, шетајте или почнете да вежбате во теретана. Истражувањата покажуваат дека еден од најдобрите третмани за самопомош кај депресијата е физичката активност. Вежбањето произведува ендорфин и серотонин, кои истовремено се заслужни за добар физички изглед. Со други зборови, освен што ќе се чувствувате многу подобро, ќе изгледате феноменално.

4. Пронајдете нови пријатели

Не, тоа што сте ја раскинале љубовната врска не значи дека треба да ги прекинете и дотогашните пријателства, но не би било лошо да пронајдете начин да ја пополните празнината, а ова успешно може да го направат новите пријателства.

5. Поставете си рок за тагување

Доколку веќе трета недела по ред сте во депресија поради раскинувањето, време е да се тргнете од тоа и да направите нешто добро. Дури и доколку не ви се оди на онаа забава на која сте поканети, сепак отидете. Можеби ќе се изненадите самите себе.

6. Пред наредната врска, научете да се сакате самите себе

Ова е веројатно најважниот совет кој мор ада го послушате. Наместо да се набљудувате исклучиво како пар, потсетете се на сопствениот идентитет и научете повторно да уживате во работите кои ве прават среќни, но и кои ве прават тоа што сте.

извор:курир.мк