Љубов и Секс

5 знаци дека сте во врска со некој што не ве заслужува

5 знаци дека сте во врска со некој што не ве заслужува

Добрите врски се базирани на меѓусебна почит, доверба и љубов. Проверете дали сте во врска во која ви е возвратено со иста мерка (или воопшто не) и престанете да го трошите вашето време на некој кој очигледно не ве заслужува. Ова се петте знаци кои откриваат дека е време за раскинување:

Никогаш нема време за вас

Но, затоа секогаш има време за други луѓе и ги откажува плановите со вас за да се дружи со други.

Неблагодарен е

Во буквална смисла. Иако постојано се трудите околу него, не знае да рече ни фала, а камоли да направи нешто за вас.

Не го интересира вашето мислење

Никогаш не ве прашува за совет или мислење и сè прави по свое. Самиот планира и ваши заеднички излегувања или планови во кои вас ве нема. Таквиот став покажува дека не ве цени ниту вас, ниту вашето слободно време, бидејќи смета дека за него мора да сте постојано достапни.

Мрзлив е

Ги избегнува сите обврски кои може да произлезат од вас и не му паѓа на памет да ви помогне во ништо.

Ве изневерува

Треба ли ова посебно да се објаснува?

извор: кајгана.мк