Љубов и Секс

5 работи во сексот од кои жените се плашат

5 работи во сексот од кои жените се плашат

Жените никогаш немаат сексуален однос само поради чинот, туку и поради потребата за романтика, страст и љубов. Постојат работи од кои што тие се плашат, а мажите треба да ги знаат барем овие пет.

Бременост
Многу од мажите преферираат секс без кондом, додека жените се плашат од бременост. Доколку не се подготвени да имаат деца, методата на повлекување пред ејакулацијата за жените не е прифатлива.

Груб секс
Пред да се впуштат во таков вид секс, мажите треба добро да ја познаваат својата партнерка. Доколку во погрешно време и на погрешен начин користат помагала и сексуални играчки или пак не внимаваат што зборуваат во текот на сексот, жената може да се исплаши.

Секс во тек на менструален циклус
Иако за некои од жените тоа е прифатливо, сепак многу од нив не се чувствуваат пријатно и сигурно. Неретко таквиот секс се претвора во катастрофа.

Анален секс
Аналниот секс дава поразлично искуство во однос на вагиналниот. Иако паровите често го практикуваат, сепак не се препорачува мажот често да иницира на тоа.

Секс без страст
Сексот без љубов и страст се случува само во филмовите за возрасни. Мажите тоа можат да го прават, но жените никогаш. Чин без страст, бакнување и предигра за жената ќе биде катастрофа затоа што тие преферираат љубов, романтика и емоции.

извор:точка.ком.мк