Љубов и Секс

5 најчести проблеми кај жените кои се јавуваат како последица на нередовен секс

5 најчести проблеми кај жените кои се јавуваат како последица на нередовен секс

Доколку постарите жени немаат редовен сексуален однос, вагиналните ѕидови се опуштаат, а доколку повторно одлучат да имаат сексуален однос, тоа може да биде многу болно.

5 најчести проблеми како последица на нередовен секс:

1. Губење на либидото

Кај сексуалниот нагон важи правилото „користи го или пак изгуби го“.

„Луѓето се воздржуваат од сексуален однос со текот на времето, а желбата за секс полека исчезнува. Некои од моите клиенти таа состојба ја опишуваат со поговорката „далеку од очите, далеку од срцето““, објаснува д-р Сари Купер, сексуална терапевтка.

2. Вагиналните ѕидови се опуштаат

Овој проблем воглавно се однесува на жените кои што влегуваат во менопауза.

„Доколку постарите жени немаат редовен секс, вагиналните ѕидови се опуштаат, а доколку повторно одлучат да имаат сексуален однос, тоа може да биде многу болно“, напоменува Купер.

3. Се намалува вагиналната лубрикација

Уште една нуспојава која што се однесува на постарите жени е проблемот со лубрикацијата на вагината по апстиненција. Покрај неа се појавуваат и проблеми со стегнување на ѕидовите на вагината, а последиците се поради недостаток на хормонот естроген.

„Младите жени кои имаат 20 или 30 години имаат многу естроген кој што ќе обезбеди ткивото да биде здраво, еластично и подмачкано за време на апстиненција. Кај постарите жени кога естрогенот ќе исчезне, не се враќа“, вели д-р Лорен.

4. Зголемени болки во текот на менструацијата

Со недостатокот на сексуалните односи кај жените се влошуваат и болките при менструација.

„Матката е мускул, а многу од жените за време на оргазмот всушност доживуваат контракција на матката, што предизвикува побрзо исфрлање на крвта. Грчевите се намалуваат, а менструалната крв полесно излегува од телото. Исто така може да дојде до зголемено ниво на ендорфин, што исто помага при менструалните грчеви“, објаснува д-р Роберт Шнајдер.

5. Помал ризик од полови болести

Не само што ќе го намалите ризикот од добивање полова болест, туку и од инфекции на уринарниот тракт.

„Сексуалниот однос е виновник за зголемен ризик од инфекции на уринарниот тракт“, објаснува д-р Стречер.

Поголемиот дел од уринарните инфекции се појавуваат во рок од 24 часа по половиот однос, а семејните доктори откриле дека „почестиот сексуален однос кај партнерите е најдбар показател за тоа кои од нив ќе имаат почести воспаленија на уринарниот тракт.

извор: точка.мк