Љубов и Секс

5 болести што се лекуваат со секс

5 болести што се лекуваат со секс

Сексот е природна потреба на секоја личност, но не служи само за забава и репродукција, туку може да ви помогне да ублажите дури 5 симптоми и заболувања. Тоа е дополнителна причина да уживате во интимните односи уште повеќе.

1. Алергии
Сексот може да ги ублажи алергиите и симптомите на астма. Како прво, го отстранува стресот (како и грижите и вознемиреноста кои се честа причина за овие проблеми). Исто така, ја полни крвта со кислород и го зголемува снабдувањето со крв на респираторните органи, што го олеснува дишењето и ги ублажува симптомите.

2. Стрес и младоликост
Истражувачите во Кралската универзитетска болница во Шкотска ги проучувале навиките и здравјето на 3.500 луѓе на возраст од 18 до 102 години и заклучиле дека луѓето кои имаат редовен секс (барем еднаш неделно) изгледаат и се чувствуваат многу помлади. Сексот помага да се неутрализираат несаканите ефекти на стресот и го подобрува квалитетот на спиењето – двата фактори кои најмногу влијаат на забрзаното стареење.

3. Слаб имунитет
Доколку сакате да го зајакнете имунитетот за дури 30%, сè што треба да направите е да имате секс двапати неделно. Тајната е во тоа што сексот го зголемува нивото на имуноглобулин А, кој е одговорен за способноста на организмот да се спротивстави на болестите. Покрај тоа, истражувањата ја потврдија врската помеѓу редовниот секс и намалениот ризик од појава на мозочен удар, срцеви заболувања, некои видови рак, па дури и вируси.

4. Вишок килограми
Не е дека може да го замени вежбањето, но со 20-минутен секс ќе потрошите 96 калории.

5. Болка
Мигрена, болки во зглобовите, менструални грчеви – сексот ги намалува сите овие симтпоми.

извор:кафепауза.мк