Љубов и Секс

4 типови на жени кои поради своите особини не можат долго да бидат во љубовна врска

4 типови на жени кои поради своите особини не можат долго да бидат во љубовна врска

Проверете дали спаѓате во некој од овие типови жени на кои што според истражувањата никогаш не им успеваат љубовните врски.

1. Жени кои што постојано уживаат во трачеви
Жените кои што негативно зборуваат за другите и ги омаловажуваат сите околу себе, дефинитивно ќе бидат одбивни за мажите. Понекогаш може нешто да прокоментирате за некого, но тоа не треба да ви биде приоритет. Мажите не разбираат зошто жените имаат потреба постојано нешто да зборуваат или пак да приговараат. Тие се водат според една логика – доколку нешто им пречи, тоа сами ќе го сменат.

2. Жена која е опседната со детали
Доколку секоја втора реченица ви е: „Уф, нема тоа да го јадам поради тоа што има премногу калории“, тоа многу брзо ќе ги отфрли мажите од вас. Но, доколку почнете да зборувате: „Зошто пиеш пиво, па знаеш ли дека тоа дебелее?“, тогаш мажот експресно ќе побегне од вас. Мажите сакаат кога жените се опуштени и знаат како да уживаат во животот.

3. Жена која што многу зборува за работата
Прекрасно е доколку ја сака својата работа, но нема никаква потреба и другите, особено не мажите постојано да слушаат за тоа поради тоа што со тоа ќе дадете јасно до знаење дека немате за што друго да зборувате. Па поради тоа доколку сакате да имате момче време е да престанете постојано да размислувате исклучително за работата и да почнете да го живеете животот.

4. Жена која што е незадоволна со своите роднини
Многу се ретки оние кои што имаат совршени роднини, кои што никогаш со никој не влегле во конфликт и кои со сите имаат нормален однос. Меѓутоа, тоа не е причина непрекинато да зборувате за тоа и да озборувате. Доколку немате нешто добро да кажете за вашите роднини, тогаш прескокнете ја таа тема.

извор:точка.ком.мк