Љубов и Секс

4-те особини на мажот кој најверојатно ќе ви го скрши срцето

4-те особини на мажот кој најверојатно ќе ви го скрши срцето

Светот изгледа како убаво место, а вие во вашиот партнер не можете да видите ниту една маана. Затоа и заедничката иднина ви изгледа толку многу сјајно. Но, на почетокот на врската сите се трудат да ја покажат својата најдобра верзија, па затоа и вашиот идеален маж многу лесно може да се претвори во фатален фраер што ќе ви го скрши срцето. Со цел да не останете повредени, откријте кои четири особини кои се видливи на почетокот на врската можат да укажуваат на неговото идно лошо однесување.

1. Пребрзо зближување
Вие само што сте се запознале, а тој веќе ги знае сите детали за вашиот живот – од тоа какви сте биле како девојчиња, до листата со сите ваши бивши. Ова најчесто не значи дека е искрено заинтересиран за вас, особено ако и самиот не ги дели истите информации со вас. Ако само тој ве прашува, а одбива или едвај ги одговара истите прашања, тогаш тоа е знак дека нешто не е во ред.

2. Зборува едно, прави друго
Ако неговите дела не соодветствуваат на неговите зборови, тоа е јасен знак дека не можете да му верувате. Ако забележите дека тој кажува едно, а прави друго, бегајте од него што подалеку бидејќи сигурно уште многу повеќе пати во животот на истиот начин ќе ве разочара.

3. Непредвидлив е
Прво ве опсипува со комплименти и ви симнува ѕвезди, а по два дена воопшто не ви одговара на вашите пораки и повици? Ова однесување ги издава мажите на кои не можете за ништо да се потпрете и кои не се доверливи партнери. Шансите се дека тие можат да ве повредат на најразлични начини.

4. Вашето тело реагира
Понекогаш и вашето тело може да ви праќа знаци дека тој не е за вас. Некои реакции не можете да ги контролирате, па ако чувствувате стегање во градите или каква било друга непријатност кога сте со него, тоа може да биде вроден инстинкт што укажува на опасност.

извор:кафепауза.мк