Љубов и Секс

3 причини зошто повеќето мажи веќе не се заљубуваат

3 причини зошто повеќето мажи веќе не се заљубуваат

Кога последен пат добивте љубовно писмо од момче? Веројатно одамна или никогаш. Проблемот е во тоа што многу мажи во моментов едноставно веќе не се заљубуваат, а во продолжение ќе прочитате кои се причините за тоа.

1. Имате сексуални односи премногу рано

Спротивно на она во што некои веруваат, мажите обично не се заљубуваат кога имаат секс. Тоа не создава блискост само со себе.

Сексот се врти околу почетната хемија, која може да исчезне исто толку брзо колку што се појавува. Илузијата на блискост што може да ви ја даде сексот има тенденција да го прикрие фактот дека не се познавате на подлабоко ниво.
Пријателството се гради најдобро пред сексот да влезе во врската. За да може мажот да се заљуби во вас, корисно е прво да ве запознае како човечко суштество.

2. Не му давате доволно време

Времето ви дава можност да го процените и да добиете увид во човекот со кој се забавувате. За да се заљубите е потребно повеќе време.

Врските се инвестиција на време и енергија. Кога мажот ќе вложи време да ве запознае како човечко суштество, тој почнува да го покажува својот карактер.

Мажот може да ве праша дали сакате да одите на патување со него, да имате секс или да станете негова девојка пред тој самиот да биде подготвен за тоа.

Ако забавите, тоа е еден од најдобрите начини да му дадете можност да се заљуби во вас. Поттикнете го неговиот ентузијазам, но намалете ја неговата брзина.

3. Не му нудите пријателство

Честопати веруваме дека пријателството и љубовта се две сосема различни работи. Но, дали навистина е така? Може ли човек вистински да ве сака ако не се спријателил со вас?

Пријателството го покажува карактерот на човекот со кого сте. Дали тој покажува интегритет во сите аспекти од својот живот? Дали се однесува кон вас со грижа и дали се грижи за вашите чувства?

Кога ја потценувате важноста да се заљубите во некој што ви покажува пријателство, честопати сте шокирани кога тој ќе исчезне одеднаш. Понекогаш, недостатокот на хемија не е причината за крај на врската, туку недостатокот на пријателство.

Карактерот е траен квалитет што треба да го барате кај партнерот. Сексот, сам по себе, нема да ви даде интимност. Всушност, луѓето честопати ја избегнуваат интимноста со сексуални односи.

Времето е она што му дава можност на мажот да се заљуби во вас. Кога ќе го сфатите ова, ќе ја смените траекторијата на вашиот љубовен живот.

Пријателството е еден од најголемите знаци дека се заљубувате во вистинската личност. Ако постојано се сомневате во карактерот и во доверливоста на човекот со кого сте, најверојатно сте со погрешен човек.

Мажите се заљубуваат кога барате од нив да одвојат време да ве запознаат и да изградат пријателство со вас. Пријателството е основа за вашата благосостојба, а без тоа, мажите веќе не се заљубуваат.

извор: Кафепауза