Љубов и Секс

3 најчести причини зошто жените избираат да бидат љубовници: Животот во емотивен триаголник

3 најчести причини зошто жените избираат да бидат љубовници: Животот во емотивен триаголник

Причините зошто некои жени ја избираат улогата на „вечна“ љубовница најчесто се од психолошка природа

Прељубата, во времето во кое живееме, не е невообичаена. Иако има многу слободни мажи на светот, некои жени претпочитаат да бидат во врска со зафатен. Често се смета дека тоа го прават намерно или несвесно.

Сепак, причините за овој феномен се најчесто психолошки по природа и во суштина се сведени на три основни – страв од врзување, брак и мајчинство, потоа чувство на несигурност и конечно заради потребата да се живее само „подобрата страна на љубовта “

1. Страв од брак

Првата причина е стравот од брак, кој бара жртва на личната слобода, а тоа е една од најчестите причини што ја туркаат жената во „љубовен триаголник“.

Можно е таквите девојки да растеле во проблематични и лоши семејни односи, дека бракот на нивните родители не бил баш „за пример“.

Исто така, жените се свесни дека бракот обично доведува до мајчинство, а некои не се подготвени за таа голема и одговорна улога, затоа што во животот имале модел на мајка која не им дала причина да мислат дека еден ден тие би биле добри мајки.

2. Подобрата страна на љубовта

Втората причина зошто некои жени избираат да бидат во љубовниот триаголник е тоа што сакаат само да ја живеат подобрата страна на љубовта. Жената која ќе реши да игра улога на љубовница ужива во придобивките од таквата позиција.

Додека добива нежност, внимание, подароци и страст, сопругата останува да се справи со техничките аспекти на бракот – пеглање, готвење, чистење, семејни рутини и чувство на должност.

Но, во тој случај, ако жената се одлучила за „улогата на втора“, таа мора да прифати осаменост за време на празниците што нејзиниот избраник ги минува во „семејното гнездо“.

3. Недостаток на самодоверба

Психолозите објаснуваат дека недостатокот на самодоверба е уште една причина што ги тера жените да бидат „втора виолина“ во животот на еден маж. Од некоја причина, тие се убедени дека не се доволно добри за да бидат „број еден“ за некого.ѓ

извор:попара.мк