Љубов и Секс

11 знаци дека влегувате во нова врска премногу рано

11 знаци дека влегувате во нова врска премногу рано

Раскинувањето е една од најтешките работи за многу луѓе, особено кога станува збор за врски во кои се вложени многу години, труд, љубов, разбирање, енергија и работа. По раскинувањето следува период на закрепнување, што бара време и дополнителен напор за личноста да закрепне и да се врати на вообичаениот начин на живот. Бидејќи сите луѓе се различни, раскинувањата изгледаат различно кај сите луѓе. Ниту едно закрепнување од раскинувањето не е исто и нема временски период во кој закрепнувањето е загарантирано. За некои луѓе, ова трае неколку месеци, додека некои луѓе не можат да влезат во нова врска со години.

Од друга страна, има луѓе кои премногу брзо влегуваат во нови љубовни врски. Таквиот упад се нарекува преодна врска и се карактеризира со недостаток на емоционална приврзаност кон новиот партнер и нецелосно закрепнување од прекинувањето на претходната врска. Луѓето влегуваат во преодна врска од различни причини. Некој ќе го стори тоа намерно, а некој нема да биде целосно свесен за своите постапки. Некогаш може да се наоѓате во преодна врска од другата страна и подоцна да станете свесни за постапките на вашиот нов партнер.

Знаци дека сте во преодна врска
Без оглед на тоа дали влеговте во нова врска свесно или несвесно, постојат одредени знаци кои ќе ви го потврдат тоа:

неодамнешно раскинување
постојано гледање наназад во минатата врска или целосно избегнување на таа тема
брз напредок, принудување и брзање
избегнување емотивно отворање и поврзување
фокусирање исклучиво на секс
давање измешани сигнали
барање внимание и прекумерно уживање во вниманието на партнерот
покажување и фалење со партнерот за колку што е можно повеќе луѓе (вклучувајќи го и поранешниот партнер) да дознаат за вашата нова врска
избегнувате средба со најблиските, односно со семејството и со пријателите
избегнувате планирање на иднината со новиот партнер
краткотрајна врска
Дали преодната врска е здрав и паметен потег?
Во некои случаи, може да се случи личноста да не закрепне целосно од раскинувањето и да влезе во врска со нова личност, па да најде среќа во таа врска. Но, додека многу луѓе уживаат во нечие внимание и секс, повеќето експерти велат дека преодната врска е погрешен потег. Во повеќето случаи, личноста која сè уште жали за поранешниот партнер и за врската не може да воспостави здрава и стабилна врска.

Секоја загуба во животот треба да биде прифатена и лекувана така што новиот почеток ќе биде навистина нов почеток, а не бесцелно губење и заплеткување во емоциите. Наместо да брзате во нова врска по раскинувањето, посветете се и работете на себе и одвојте време да закрепнете од сè што ви се случило. Но, ако ви се случи да завршите во преодна врска, не срамете се од тоа или не осудувајте се сами. Понекогаш, преодната врска е исто така начин да сфатите дека сè уште не сте закрепнале и дека тоа е сосема нормално.

извор:кафепауза.мк