Љубов и Секс

10 најпребарувани прашања на Гугл поврзани со сексот

10 најпребарувани прашања на Гугл поврзани со сексот

Веќе дознавме што било „тренди“ на Гугл минатата година, од бјути трендови, преку познати личности до нови песни.

Кога имаме некое нејасно прашање, прво што ни паѓа на памет е да пребараме на Гугл нешто поврзано со темата, па така логично е дека на Гугл се поставуваат и „најскокотливите“ прашања поврзани со сексот.

Многу е полесно да ја напишете својата дилема во Интернет пребарувачот, отколку да му го поставите тоа прашање гласно на некого. Засега, тоа не е ништо чудно.

Тоа што е необично, смешно и дури по малку загрижувачки е „кои прашања најчесто ги поставуваме“. Имено, многу голем број на луѓе знаат малку работи за омилената активност на човечкиот род. Мислиме на секс, нормално.

Затоа, да почнеме со ред…

1. Каде се наоѓа Г-точката?

2. Како се доведува жената до оргазам?

3. Дали се лечи херпес?

4. На кој начин се лечат гениталните брадавици?

5. Што е трипер?

6. Како рачно се зголемува пенисот?

7. Како се мери пенисот?

8. На колку години смее да се купува кондоми?

9. Како се става машкиот полов орган во женскиот?

10. Колку долго трае сексот?

извор: точка.мк