Радио Милева
формула за спас

Лила има решение за спас на популарноста во случај на пад на социјалните мрежи… на неодредено време (ФОТО)

Лила има решение за спас на популарноста во случај на пад на социјалните мрежи… на неодредено време (ФОТО)

Падот на Фејсбук, Инстаграм , Ватс Ап… пред некој ден „ја потресе планетава“. Сите нас, најмногу таканаречените инфлуенсери. Видно потресени и исплашени за својта популарност, Инстграмџииите и особено истаграмџиките, во паника бараа спас и решение, за нивната повеќечасовна отсатност од јавноста. Зашто да те нема на Фејсбук и Инстаграм, исто како да не постоиш… Според нив, секако!

Епа, ако е така, а за нив така е, почна потајно да им се влева сомнеж и страв, да ги „јаде црвот“, а што ако социјалните мрежи им ги снема на подолг период? На неодредено време, да речеме? Што правиме тогаш? Отиде популарноста јабана, а Бога ми и спонзорите, рекламирањето, сликањето, а со тоа ќе им се „стопи“ идентитетот, ќе им „испари“ популарноста… И потоа „џабе плетеле“ пред камерата и фотообјективот на мобилните сиве овие години. Џабе да имаш што и да е, да изгледаш како и да е, да си убав(а), талентиран(а), телесно надарен(а)… ако немаш каде тоа да го споделиш, кој да те види и разбере, кому да се пофалиш… Исто како она старата скопска урбана машка поговорка: „Да ‘онадуеш’ а да не се пофалиш, исто како да не си ни ‘онадуел’!!!

Е затоа инфлуенсерката број еден кај нас, дамата од Инстаграм престолот која го заседнала врвот на „Топ 100“ Инстаграмџи(к)и во Македонија, се погрижи да најде решение. Лила Филиповска за себе и сите нејзини истомисленици ја пронајде формулата за спас, за одржување на популарноста во случај на пад на социјалните мрежи на неодредено време!

Како дама од Инстаграм тронот, но и дама која памети едни поинакви времиња кога Фејсбук и Инстаграм не постоеја, на Лила еден споделен пост токму на Инстаграм и даде идеја.  Парадоксално, ама вистинито. Стариот добар фотоапарат можеби денес е фрлен настрана, ама затоа пак, секогаш е тука кога ќе ти затреба. Можеби излегол од мода, ама никогаш не излегол од употреба. А и фотомајсторски студија, фала Богу, се’ уште постојат, па оди „развиј го филмот“ или однеси ја мемори картичката и направи си фотографии на фото хартија, какви што сакаш. А потоа дотерај се и правец – на шпартање низ центар!

Тоа ви е препораката од „првата инстаграмџика“ во Македонија… До душа, позајмена, или што би рекле „копи-пејст“ идеја, ама затоа 100% ефикасна за тоа како да останете популарни во случај на пад на социјалните мрежи… на неодредено!

А Лила? Веќе е видена на една градска локација во Скопје, пред едно познато фото студио, како го носи „филмот на развивање“, пред некој да и го „осветли“… Или не дај Боже,  „да и пукне“!

Фото: Инстаграм принтскрин/lilafilipovska

 

Останати вести од Радио Милева