Радио Милева
полн плакар и селфи за неповрат...

Лила и Сани – две јавни личности со различни погледи на ист проблем: Водителката и пејачката вака би ја решиле прељубата (ФОТО)

Лила и Сани – две јавни личности со различни погледи на ист проблем: Водителката и пејачката вака би ја решиле прељубата (ФОТО)

Прељуба… Причина за несреќна љубов, која често скапо се плаќа. Со растурена врска, распаднат брак, живот… Најдени се илјадници начини и варијанти како истата да се изведе, арно ама многу малку начини, како истата ефикасно да се спречи. Не дека многумина не се обидувале, понекои дури и успеале,но затоа многумина се зафркнале, па „изгореле“… до крај! Меѓу нив, многу и од познатите светски, балкански и домашни јавни фаци, познати и популарни личностии.

Сепак две од нив, по се изгледа имаат решение за проблемот низ кој веројатно некогаш и самите минале. Рецепт за прељуба… Превентива за среќна љубов односно „показна вежба“ зашто прељубата може да биде е штетна… дури и по „здравјето“!

Најпознатата и најпопуларна македонска ТВ водителка Лила Филиповска има своја теорија како да се спречи прељубата. Да се превенира… Или поточно, што мажот би можел или требал да направи, за жената да не му се „заглави“ со некој што „би му ја пишувал домашната работа“ наместо него или евентуално би и држел „дополнителна настава“ кај нив дома, на неговата сопруга.

„Вистинскиот маж ќе и го наполни на жената плакарот со гардероба толку многу, што друг маж не би можел да се сокрие во него“ – сподели Лила, па покрај постот водителката додала:  „Еве и ова го решив“!

Фолкерката Сања Сани Гроздановска пак има друга теорија за  справување со прељуба… Или поточно „казнено решение“  за оној што ја извршил, за никогаш повеќе да не му падне на памет да ја повтори.

Според приложениот метод, тоа со гаранција нема да му се случи ниту нему, ниту на прељубничката, а и е „пример“ за сите останати потенцијални прељубници, откако ќе видат што може да ги снајде… Методот има свое има и се вика: „Селфи за неповрат“!

Но, за да не се разбереме погрешно, сето ова колку и да е конкретно и сликовито, е прикажано само како фигуративно и шеговито, а никако како вистинито! Впрочем, има многу други начини како прељубата се превенира или санкционира, а еден од најдобрите е веројатно споделувањето редовна доза на љубов…!

Во доволни колични, само во различни пози, на  различни локации, во различни ситуации… Колку за монотонијата да не преовладеe над количината, па и покрај се’ да  ја поттикне прељубата!

Фото: Инстаграм принтскрин/lilafilipovska/sani.grozdanovskasanja

Останати вести од Радио Милева