Мегафон
концерт

„Light of your soul” – уникатно рокенрол доживување со Ris Flower во „Public Room“

„Light of your soul” – уникатно рокенрол доживување со Ris Flower во „Public Room“

На 13-ти декември со почеток во 21 часот во „Public Room“ придружуван од својот бенд, Ris Flower ќе одржи ексклузивен интимен концерт каде ќе го претстави неговиот најнов проект “Light Of Your Soul”.

На концертот ќе бидат изведени досегашните комплетно авторски песни на RIS FLOWER, а публиката ќе има можност за прв пат во живо да ги чуе и новите, досега необјавени песни.

На сцената, тој  ќе биде придружуван од неговиот бенд, составен од  врвни музичари и  долгогодишни соработници: Џоле Максимовски – бас гитара, Мустафа Чанбазлар – клавијатури, Арикан Сиракаја – тапани и Александра Кировска – гитара.

”Секогаш уживам на сцена и затоа со нетрпение очекувам да настапам пред скопската публика. Подготовките за концертот се започнати и можам да кажам е дека ќе биде навистина енергично шоу, различно од се останато. Особено ми е драго што на концертот ќе настапат и музичарите од Турција, екипа со кои ја работам музиката во изминатите години” – вели музичарот.

Влезниците веќе се во продажба преку продажната мрежа на “Купи Карти За Се” – линк :  https://www.kupikartizase.com/Events/ris_flower