Радио Милева

Лидија Вукиќевиќ има ново момче, а на синовите остро им порача само едно!

Лидија Вукиќевиќ има ново момче, а на синовите остро им порача само едно!
фото:инсатграм/лидијавукиќевиќ

Српската актерка Лидија Вукиќевиќ од неодамна е во љубовна врска, а отворено проговори за тоа како нејзините синови Андреј и Давид реагираат на тоа.

-Што да прашам, дали некој им се допаѓа за да бидам со него? Тоа не ми паѓа на памет. Секако дека мојот избор никогаш не бил надвор од нормала. Секогаш се функционирало како што треба. Што имаат тие да дозвволуваат или не? Нема што тие мене да ми кажуваат- јасна е Лидија во изјава за српските медиуми.

-Тоа е грешка на мајките кои се прашуваат што ќе им кажат децата. Децата немаат што да ми кажат. Тие може да констатираат, а дали ќе оправдаат или не, тоа е моја работа. Јас на моите деца им дадов се и овозможив, се уште ми се прв план и место во смисла на машка фигура, но како синови. Мој избор е што ќе правам јас во својот живот, како ќе бидам најсреќна. Тоа ми е препуштено мене, а тие можат само да кажат амин. Ако не им се допаѓа-  нивна работа, заклучува Лидија.

фото:Инсатграм

Останати вести од Радио Милева