Лице в Лице

Влатко Стефановски: „По смртта на сопругата не снимив нов албум“

Влатко Стефановски: „По смртта на сопругата не снимив нов албум“
фото:инстаграм/влаткостефановски

Македонскиот гитарист Влатко Стефановски повеќе не мора да се докажува на сцената, но секогаш сака да го освежи сопствениот звук. Овој пат, изминатиот петок (5 април) во „Лисински“ настапил со Загрепската филхармонија.

Оваа негова посета и концерт ги искористија хрватските медиуми, а порталот „24 сата.хр“ направи мини интервју со нашиот гитарски виртуоз.

фото:инстаграм/влаткостефановски

-Создавањето музика е магична дисциплина која никогаш нема да ми досади. Заситен сум од нуспојави како патувања, медиуми, гужва, „афтер парти“ и други нешта, вели Влатко и открива како се подготвува пред концерт.

-Кога нешто важно ме чека, седам пред компјутер и проверувам дали е се’ во ред… Всушност, постојано сум на креативна температура. Пред настап добро се концентрирам, правам мантра, ги проверувам жиците на гитарата. Што се однесува на тремата, нормално е дека ја има, но тоа е онаа позитивната, одговара Стефановски и се присети на настапот во „Лисински“ пред 30 години.

-Се надевам дека љубовта е обострана. Ја сакам загребската публика, а се надевам дека и таа ме сака мене. Прв пат во „Лисински“ настапив пред 30 години кога бев дел од бендот „Леб и сол“. Морам да признаам дека тоа пред се беше идеја на Филхармонијата. Уште минатата година дојдоа на таа идеја, раскажува Влатко.

фото:инстаграм/влаткостефановски

Што ве инспирира за пишување песни? Дали некоја од песните ја посветивте на покојната сопруга Гордана?

-Животот околу мене е инспирација. Главно инспирација добивам наутро, додека не ме развлекол денот. Го користам тој утрински мир, правам кафе и ја земам гитарата во раце. Тоа е чуден процес. По заминувањето на сопругата(пред две години) не издадов нов албум, а кога тоа ќе се случи, ќе видиме која песна сум ја посветил за неа, завршува Влатко Стефановски.

извор:24сата.хр