Лице в Лице

Тијана Дапчевиќ искрена за бракот и препреките: „Се сакаме, љубовта е единствената што има моќ“

Тијана Дапчевиќ искрена за бракот и препреките: „Се сакаме, љубовта е единствената што има моќ“
фото:инсатграм/тијанадапчевиќ

Тијана Дапчевиќ овој 3-ти февруари, на својот роденден, ја издаде песната со интригантен наслов „Презир“, која говори за патот од љубовта до презирот. Во интервју за српскиот „Hello.rs“, Тијана одговара на тоа дали секоја жена мора во љубовта да го помине патот од обожавање до презир.

Секако дека не, не сум имала такво искуство никогаш, но сигурно дека има такви кои да. Можеби ова прашање повеќе е за авторот на текстот, отколку за мене, јас сум само изведувач.

Што треба да се случи за Тијана да чувствува презир кон некого?

Ух, не знам, не сум дури ни сигурна дали воопшто тоа е возможно, зошто никогаш не ми се случило неколку толку да не го поднесувам, мразењето кон личноста да прерасне во презир. Не би го дозволила тоа никогаш, ниту себе, а ни другата страна толку да ме поремети и повреди, да ја презирам. Главно, избегнувам било каква негативна енергија и луѓето кои ја шират, се трудам да бидам опкружена исклучиво со оние со кои ми е убаво, така што уживам, вели Тијана.

фото:инстаграм/тијанадапчевиќ

Со сопругот Милан сте во брак веќе повеќе од деценија. На кој начин ги преминувате сите препреки и бариери?

Се сакаме. Љубовта е единствено во што верувам и единствено што има „моќ“ да го одржи секој однос. Ако ја нема, не може да биде ништо друго. Покрај љубовта, важен е разговорот, ништо да не се турка под тепих и ништо да не се премолчува и претпоставува, само за да се зачува мирот во куќата, бидејќи потоа тоа од под тепихот станува превисоко за да се премине преку него.

фото:инстаграм/тијанадапчевиќ

Како гледате на денешната положба на жената во општеството, кога се очекува да бидат „супер жени“(мајки, домаќинки, сопруги, жени со кариера), и дали сметате дека сте успешни на сите полиња?

Денес сите имаат секакви очекувања, не само од жените, туку генерално од сите и се, но на тоа не треба да се придава многу значење. Мислам дека секој треба да го прави она што го мисли дека е најдобро за него и да ги заобиколи коментарите на околината. Секоја жена е супер- жена ако е среќн а и исполнета, тоа нема врска со тоа дали има кариера или не, дали се остварила во улога на мајка или не итн.. што и да сум посакала во животот да работам, на тоа сум била максимално посветена, бидејќи сметам дека ако нешто работиш, треба да го дадеш својот максимум за да успехот не може да изостане. Така да, во целост сум задоволна со се што досега сум постигнала. Но, полека, само што почнувам, завршува Тијана.

извор:hello.rs