Лице в Лице

Тамара Тодевска: „По Евровизија следува светска доминација“

Тамара Тодевска: „По Евровизија следува светска доминација“
фото: тањуг/ап

Тамара Тодевска со песната „Proud“ ја претставуваше Македонија на „Евровизија“ на која го освои осмото место.

Во финалето, Тодевска доминираше на европската сцена, а околу 40 минути беше прва на табелата.

По гласовите од публиката, таа заврши на осмото место што е и најдобар пласман на Македонија на „Евровизија“.

Во интервју за „Српски телеграф“ таа проговори за нејзините впечатоци на Евросонг и како е задоволна од своето претставување.

Евровизија заврши пред неколку дена. Какви се вашите впечатоци?

Ова беше најневеројатно патување во мојот живот. Да настапите на Евровизија и да добиете толку љубов и поддршка е нешто што никогаш нема да го заборавам.

фото: тањуг/ап

Кога заврши гласањето на жирито имавте добра  позиција. Што тогаш ви поминуваше низ глава?

Не можев да верувам што се случува. Погледнав во својот тим и се прашував: „Друштво, што се случува, дали ова е реално“? Сите бевме многу возбудени.

Како го коментирате тоа што стручното жири од Македонија не и даде глас на Невена Божовиќ, поточно на Србија?

Ја сакам песната на Невена и беше неверојатна на сцената. Иако не бев вклучена во гласањето на жирито, ниту пак знам за кого гласале, сакам да и се извинам поради неправдата. Невена заслужи поени од нашето жири“.

фото: тањуг/ап

Што е највпечатливо, што е тоа што цел живот ќе ве потсетува на „ESC“?

Моjот неверојатен тим. Зад песната „Proud“ стои тимска работа, сите верувавме во песната и да испадне се како што треба.

Кој ви даде најголема поддршка во текот на гласањето?

Телефонот не престануваше да ѕвони, но со мене беше мојот тим и во тие моменти едни на други си бевме најголема поддршка.

Дали ве разочараа гласовите на публиката?

Не.Никако. Бев многу задоволна  и се уште сум задоволна. Засекогаш ќе бидам благодарна на таа прекрасна ноќ.

фото: тањуг/ап

Како реагираа вашите најблиски на вашиот пласман?

Беа пресреќни. Сите веруваа дека добро ќе поминеме, но никој не можеше да претпостави дека толку пати ќе добиеме максимални 12 поени.

Во текот на финалната вечер добивте поддршка од многу колеги. Некои од нив се Жељко Јоксимовиќ, Јелена Карлеуша, Цеца Ражнатовиќ….Какво е чувството кога ќе ве подржат успешни колеги?

Многу сум горда и благодарна.  Уште еднаш ви благодарам на поддршката, тоа најмногу ми значи.

Што следува по Евровизија?

Светска доминација, хаха.

Останати вести од Лице в Лице