Лице в Лице
мојот маж е добар онакв каков што е денес.

Александра Пријовиќ: „Кога го запознав Филип сфатив дека имам среќа“

Александра Пријовиќ: „Кога го запознав Филип сфатив дека имам среќа“
фото: принтскрин/инстаграм/александра пријовиќ

Александра Пријовиќ откри дали некогаш се преиспитува како мајка и сопруга, па  откри дека се труди да биде најдобра што може.

Пријовиќ, проговори и за Лепа Брена и каков е нивниот однос.

Кога првпат во животот помисливте дека имате среќа, дека сте среќни, успешни, остварени?

-Дефинитивно кога мојата прва песна доживеа голем успех, кога мојот труд и работа доби некоја друга димензија на успех, кога го запознав Филип, а потоа и кога го родив Александар затоа што тоа е најголема среќа во мојот живот.

фото: принтскрин/инстаграм/александра пријовиќ

Кој е најкорисниот совет кој сте го добиле од Лепа Брена?

Од неа секој може да научи нешто, секој нејзин совет е драгоцен. Од некој кој е толку многу успешен во животот и работата, едноставно не може да не слушнете нешто што не е корисно.

фото: рајко ристиќ

Жените често се преиспитуваат дали се добри мајки, дали некаде погрешиле. Дали вие имате такви моменти?

-Не се преиспитувам премногу бидејќи се трудам во секој момент да бидам најдобра мајка. Грешките се нормална работа и од нив учиме за останатите потези во животот. Она што е сигурно е дека цел живот ќе се трудам да бидам најдобра за своето дете.

Што се трудите да подобрите во бракот?

-Ние се засакавме такви какви што сме, а некои карактери не се менуваат и мислам дека не треба да се менуваат.Секако дека во бракот е важно е да има компромис, а некои работи кои не се добри се трудам да ги променам.

фото: принтскрин/инстаграм/александра пријовиќ

Велат дека мажите не се она што некогаш беа, дали се согласувате со тоа?

-Па, не знам какви биле некогаш, но мојот маж е добар онакв каков што е денес.

Дали мажите во жените бараат она што е тешко да се најде – добра домаќинка, мајка и љубовница?

-Не се согласувам со тоа. Секој маж е приказна сам за себе, а оној вистинскиот ќе ја подржи својата жена во сè таа ќе посака, а секако ќе биде добра мајка.

Инаку, синот на  Александра и Филип наскоро ќе наполни две години.

Останати вести од Лице в Лице