Радио Милева
Честитки!

Летово се омажи, а сега македонската пејачка за првпат стана мајка и на свет донесе девојче (фото)

Летово се омажи, а сега македонската пејачка за првпат стана мајка и на свет донесе девојче (фото)

Македонска поп пејачка од Кавадарци, а сега со скопска адреса на живеење, Александра Михова или по ново Цункоска, стана мајка за првпат и на свет донесе здраво и жибо женско бебе.

Убавата вест на социјалните мрежи ја сподели пресреќниот татко кој и се заблагодари на својата сакана сопруга што му го дала најубавиот подарок во животот.

-Започна еден нов живот. Си добив ќеркичка . Фала ти најмногу за овај прекрасен подарок во животот Александра, пишува тато Михајло.

Честитките почнаа да се редат,а не требаше многу време за да се обрати и пресреќната мајка која откри дека се породила во гинекологија Чаир.

-Благодариме на сите за честитките. Посакувам Бог на сите да дава вакви убавини .
Благодарност до беспрекорниот тим и златните раце на др Зоран Илиевски.

За потсетување,во месец март годинава Александра му кажа „да“ на својот сакан Михајло, а запросувањето се случи во Палермо – Италија, а свадбата се случи на крајот од месец септември.

Инаку, Александра ја паметиме по учеството во „Македонски Идол“, а својата музичка кариера продолжи да ја гради со свои песни и спотови, учество на домашните фестивали за забавна мелодија, а не ги искучи ниту настапите.

фото:Facebok/Aleksandra Cunkoski

Останати вести од Радио Милева