Живот и Стил

Летно смути: Направете освежувачки пијалок во кој лубеницата е главна состојка

Летно смути: Направете освежувачки пијалок во кој лубеницата е главна состојка

За време на жешките летни денови, ладните и освежителни пијалоци се најпријатни, а смутито од лубеница е сигурно едно од нив.

Лесно се прави овој нискокалоричен пијалок. Ќе ве засити, освежи и разлади.

Покрај тоа, поради диуретичното дејство на лубеницата, ова смути ќе ви помогне да се ослободите од токсините од телото.

Состојки:

  • 500 грама лубеница на коцки исчистена од семки
  • 100 грама јагоди
  • половина краставица со средна големина
  • 1 лимон
  • мраз
  • неколку лисја домашно нане

Подготовка:

Ставете лубеница, јагоди и краставица во блендер и мешајте додека не добиете мазна смеса.

Потоа исцедете го лимонот, и додадете го сокот во смесата.

Скршете го мразот во блендер, а потоа префрлете го во чашите. Истурете го смутито над мразот, а горниот дел посипете го со лисја нане.

извор: попара.мк