Живот и Стил

Летно јадење број 1: Најлесниот рецепт за сочни ќофтиња од тиквички

Летно јадење број 1: Најлесниот рецепт за сочни ќофтиња од тиквички

Ќофтињата од тиквички се вкусно вегетаријанско предјадење кое однадвор е крцкаво, а внатре кремасто, а рецептот за нивна подготовка е брз и лесен. Идеални се во секое време од денот, ги сакаат и возрасните и децата, кои по првото сигурно ќе побараат повеќе.

Одлични се и топли и ладни, за јадење дома или за носење на работа. Ако сте еден од оние луѓе на кои ќофтињата без месо им се сосема бесмислени, слободно додадете малку сечкана шунка, сланина, колбас или мелена мисирка.

Состојки за ќофтиња:

400 гр тиквички
4 лажици рендан пармезан
1 чешне лук
100 гр леб (само средината)
50 мл млеко
1 јајце
2 супени лажици маслиново масло
прстофат или две сол
малку бибер

Дополнително:

4-5 лажици презла
масло за пржење

Подготовка на ќофтиња од тиквички:

Тиквичките измијте ги, исушете ги и исечете ги на помали коцки. Загрејте ја тавата, додадете маслиново масло и на масло пропржете го издробениот лук. Додадете тиквички и динстајте околу 10 минути. Исклучете ја топлината и изладете ги.
Средината на лебот натопете ја во млеко и исцедете ја.
Јајцето измешајте го со рендано сирење, додајте ја средината на лебот, маслиновото масло, солта, биберот и тиквичките и убаво измешајте. Ако смесата е премногу мека и леплива, додадете неколку лажици презла.
Обликувајте ги ќофтињата, виткајте ги во презла и ставете ги во фрижидер половина час да се изладат малку и да се стегнат.
Извадете ги ќофтињата од фрижидер и пржете ги во длабока тава на добро загреано масло.
Послужете како топло предјадење со вашиот омилен сос и сезонска салата.

извор:курир.мк