Живот и Стил

Летна крем салата со компири

Летна крем салата со компири

Овој рецепт за крем салата со компири е вистинско освежување во летните денови.

Потребни состојки:

  • -3 чаши варен компир исечен на коцки
  • -половина чаша сварен грашок
  • -половина чаша морков исечен на ленти
  • -јаболко исечено на коцки
  • -сол, бибер
  • -сок од лимон
  • -125 г мајонез или кисела павлака, по избор

Подготовка:

Морковот и грашокот сварете ги во солена вода, но да не бидат премногу меки. Извадете ја водата и додека се топли измешајте ги со претходно сварениот компир, јаболкото и мајонезот, односно павлаката.

Салатата зачинете ја со сок од лимон, сол и бибер и иставете малку да отстои пред да послужите за јадење.

извор: Kajгана