Радио Милева
не го заборава

Лепа Лукиќ постојано е во контакт со Боки 13: Пејачката откри како се чувствува Бојан Јовановски во домашен притвор!

Лепа Лукиќ постојано е во контакт со Боки 13: Пејачката откри како се чувствува Бојан Јовановски во домашен притвор!

Пејачката Лепа Лукиќ не ги заборава своите стари пријатели, па не го ни заборава својот реалити другар Бојан Јовановски односно Боки 13 со кој се дружи и по нивното учество во реалното шоу „Големиот брат“.

Таа за курир.рс открива дека била во контакт со семејството на Боки 13 додека тој бил во затвор.

Боки 13 осуден на 9 години: „Парите од ‘Рекет’ барајте ги кај Зоран и Вице Заеви!“ (ФОТО) – Вистина.мк (vistina.com.mk)

„Често се слушам со него. Додека беше во затвор, често се слушав со неговата мајка, се јавував и се распрашував како е, дали нешто му треба и како можам да и помогнам. Кога го пуштија во домашен притвор веднаш ми се јави. Ние со години се дружиме“, вели пејачката и додава дека и ден денес се слушаат.

„Тој кон мене секогаш беше добар, а тоа што правел и како се однесувал со другите, не ме засега. Многу се израдував кога го слушнав. Ми кажа дека здравствено сега е добро и дека многу ослабел во затворот. Тој негира дека е виновен, туку дека го наместиле и дека нема врска со тоа за што го обвинуваат“, додава Лепа.

Инаку, во октомври 2020 година, скопскиот Апелационен суд донесе одлука македонскиот шоумен Бојан Јовановски односно Боки 13 да биде префрлен од затвор во домашен притвор.

Јовановски беше во истражниот затвор „Скопје“, од 15 јули 2019 година кога беше отворена истрагата за случајот „Рекет“, а во јуни претходната година е осуден на 9 години затвор.

фото: ана пуанковиќ/принтксрин/јутуб/дамир дервишагиќ/принтскрин/сител телевизија/принтскрин телма тв

Останати вести од Радио Милева