Радио Милева
реакција

Лепа Брена полуде поради критиките за нејзината тоалета со принт на голи гради, па „удри“ по лажните моралисти (фото) 

Лепа Брена полуде поради критиките за нејзината тоалета со принт на голи гради, па „удри“ по лажните моралисти (фото) 

Лепа Брена ја остави јавноста без зборови со фустанот кој го облече по повод  гостувањето  во една емисија. Кога дознала за коментарите, Брена јавно им се обратила на лажните моралисти.

Брена пред камерите пееше во долг црн вечерен фустанкреација од Борис Краготиќ од Сплит, на кој беше нацртано голо женско тело со златни светки на предната и задната страна, а со тоа предизвика многу реакции.

– Лепа Брена во најгрдиот фустан што сум ја видел во животот. Луѓе мои, дали е можно? Што е ова? Драга мајко! – се само некои од најчестите коментари.

Критиките за фустанот стигнаа и до Брена, со која на оваа тема разговараа и  новинарите од „Слободна Далмација“.

– На нашите лажни моралисти, кои ги има премногу, се што е нормално не привлекува внимание, а оваа мала провокација во форма на фустан им пречи… Каков лажен морал! Додека во денешно време партнерите убиваат жени, девојчињата се силуваат и не се прифаќаат правата на геј популацијата, а да не зборуваме за војната во 21 век и ширењето на верска и национална омраза… – проблем се насликаните златни ц*цки на фустан! Па, тие се мојот мал придонес за сите лажни моралисти во овие сурови времиња во кои живееме – вели пејачката.

Новинарите ја прашале што сака да каже со овој фустан?

– Без жени немаше да има човечност! Затоа фустанот е посветен на симболот на мајките и жените ширум светот.Венера! Таа е древен симбол на женската енергија, љубов и убавина. Затоа, овој фустан е симбол на Венера, самосвесната жена. Истиот стил на облекување прв го создаде Жан Пол Готје за Бијонсе – изјави Брена.

Фото:Принтскрин/С.Стојанов

Останати вести од Радио Милева