Радио Милева
луксуз на секој чекор

Лепа Брена покажа како ужива за сите пари во Мајами (фото)

Лепа Брена покажа како ужива за сите пари во Мајами (фото)

Фолк ѕвездата Лепа Брена во Америка  ужива во сè! На социјалните мрежи пејачката објавува фотографии од Мајами во лелеави опуштени тоалети и јаде само специјалитети на луксузни места.

Семејството Живојиновиќ е познато по тоа што ужива во добра храна, а сакаат и знаат да се опуштат со неколку пијачки, Брена на една од фотографиите покажа дека алкохолот ја опушта, па можеме да видиме и шишиња со алкохол во огромна чаша, додека тука е и препознатливата насмевка на пејачката.

Палми, сонце, големи шешири, сето тоа можеме да го видиме на објавите на Брена, а веруваме дека многумина би сакале да бидат на нејзино место токму сега.

– Хедонист на животот, креација и љубов кон сè и секого – напиша Брена во описот.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Лепа Брена

Останати вести од Радио Милева