Радио Милева
комично

Лепа Брена подлегна на треднот да ги разубавува фотографиите, па претера со фотошоп (фото)

Лепа Брена подлегна на треднот да ги разубавува фотографиите, па претера со фотошоп (фото)

Лепа Брена е уште една пејачка која подлегна на трендот да ги разубавува своите слики на социјалните мрежи. Не е тајна дека познатите луѓе сакаат фотошоп, но некои се добри во претерувањето. Така е и во случајот на Брена, која во обид да се појави помлада испадна смешна.

Така Лепа Брена си поигра со фотошоп за да го направи нејзиното лице помладо и затегнато. Но, со оглед на тоа што на Јутјуб има видеа од емисијата во која гостувала и во која се фотографирала, сето тоа изгледа прилично комично. Овој блам многумина го забележаа на социјалните мрежи, а сметаат дека Брена следниот пат треба да биде повнимателна.

– Брено, веќе не можеш да бидеш 20 годишна девојка! Жено, што правиш? Ова е Фотошоп, катастрофа! Оваа Брена на сликата и Брена во емисијата –  две различни луѓе! Брено, внимавај со фотошоп! Ова не доликува на ѕвезда од твој калибар! – се само дел од коментарите под сликата на пејачката со кои ги шокираше сите.

Инаку, оваа фотографија пејачката ја направи од емисијата „Амиџи шоу“ во која гостуваше пред три дена. Кога ќе ја погледнете снимката од споменатата емисија на Јутјуб, јасно се гледа разликата помеѓу изгледот на Брена во живо, односно на телевизија, каде што нема филтер, и сликата што ја објави на својот Инстаграм профил.

Благодарение на магијата на технологијата, пејачката успеа да изгледа барем дваесет години помладо.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Лепа Брена/Папарацо Лов

Останати вести од Радио Милева