Радио Милева

Лепа Брена брутално распали по новите пејачи: Имаат милионски прегледи, а јас не знам каде пејат

Лепа Брена брутално распали по новите пејачи: Имаат милионски прегледи, а јас не знам каде пејат

Лепа Брена важи за една од најголемите ѕвезди на просторите на бивша Југославија, па каде и да се појави прави бум.

Во денешно време се појавуваат многу пејачи кои ќе снимат некоја песна ќе ја објават на Јутуб, а потоа исчезнуваат од музичката сцена.

Брена викендов настапуваше во Јагодина, а веднаш по настапот разговараше со новинарите и објасни како се заработувало некогаш и како се заработува сега.

„Порано заработката ни ја праќаа на сметка. Некогаш се знаеше кој и колку заработува. Денес постојат некои пејачи кои имаат по 20 милиони прегледи на Јутуб, а не знам каде тие луѓе пејат. На кого пејат?Ако не можеш да пееш во живо, тогаш тоа не е ништо. Би сакала да ја пуштам својата музика и да ги кренам сите „четири во вис“, но не е толку лесно, вели пејачката.

Останати вести од Радио Милева