Живот и Стил

Лекарите препорачуваат: Само три делови од телото треба да ги миете секој ден

Лекарите препорачуваат: Само три делови од телото треба да ги миете секој ден

Докторот и дерматолог Сенди Скотнички предупредува дека пречестото миење на телото од глава до пети со сапун и вода може да доведе до разни кожни проблеми, како што се егзема, сувост и други кожни болести.

Наместо тоа, таа вели дека е доволно да се фокусирате само на одредени делови од телото – пазувите, препоните и стапалата.

Со неа се согласува и докторката Робин Чуткан, која објаснува дека ако го измиете целото тело со сапун, можете да ги уништите корисните бактерии.

-Факт е дека на нашето тело му требаат одредени бактерии, а доколку ги отстраниме со постојано чистење на кожата, ја губиме заштитата и сме поподложни на надворешни влијанија кои можат да бидат многу штетни. Она што е важно секојдневно да се мие се пазувите, препоните и стапалата. Доволно е да го исплакнете остатокот од телото со вода, дури и ако сте го одработиле тренингот пред туширање, објаснува Чуткан.

Една студија од 2018 година, чии резултати беа објавени во списанието Science Advances, покажа дека одредени видови бактерии кои живееле на кожата на испитаниците се поврзани со помал ризик од рак на кожата во споредба со луѓето кај кои бактериите не биле пронајдени.

извор:курир.мк