Мегафон

Легендарниот американски гитарски херој, Steve Vai на 26-ти април во СРЦ Кале во Скопје

Легендарниот американски гитарски херој, Steve Vai на 26-ти април во СРЦ Кале во Скопје
Најспектакуларното рок шоу оваа година во Скопје ќе се одржи на 26-ти април во СРЦ Кале кога легендарниот американски гитарски херој, Steve Vai за прв пат доаѓа во Македонија!
Како дел од листата на 10-те најдобри гитаристи на сите времиња, Steve Vai свирел и бил дел од студиските албуми на Frank Zappa, Motorhead, David Lee Roth, Whitesnake, Public Image Ltd… истовремено градејќи богата соло кариера како виртуоз со крајно индивидуалистички и иновативен пристап кон својот инструмент. Тој има издадено осум соло албуми и е добитник на три Grammy награди.
Steve Vai доаѓа во Скопје по повод промоција на неговиот актуелен албум, „Inviolate“, кој изминатава година се позиционираше како број 1. на Hard Rock Albums листата.
Влезниците за овој рок спектакл ќе бидат пуштени во продажба од петок (20-ти јануари) во 9 часот наутро онлајн на avalon.mk и ширум продажната мрежа на Авалон Продукција во ограничен број.