Промотер

Лара Иванова како Алиса во земјата на чудата во – „За нас“ (ВИДЕО)

Лара Иванова како Алиса во земјата на чудата во – „За нас“ (ВИДЕО)

Овој викенд, 18 и 19 септември 2020 год. на плоштадот „Слобода“ во Штип под ведро небо се одржа јубилејното 35-то издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2020“, каде свое учество зеде младата пејачка Лара Иванова со темата „За нас“.

Изведбата на песната беше поздравена со огромни овации, по што наградата за најдобар аранжман токму за оваа композиција замина во рацете на нејзиниот автор и продуцен, Иле Спасев.

За текстот на прекрасната балада се погрижи Робин Зимбаков.

Додека траеше самата манифестација, видео записот за „За нас“ доживеа своја премиера уште истата вечер, каде магијата на приказната ја заокружи режисерот Огнен Шапковски.

Инаку, ова е нејзино второ појавување на сцената на „Макфест“, по минатогодишното учество.

Останати вести од Промотер