Промотер

Лара Иванова и Панче Касапски заедно во баладата – „Само сврти се“ (ВИДЕО)

Лара Иванова и Панче Касапски заедно во баладата – „Само сврти се“ (ВИДЕО)

Пејачката Лара Иванова заедно со пејачот и композитор, Панче Касапски за своите фанови го подготвија видеозаписот на новата песна, „Само сврти се“, автентична и модерна поп-балада со изразен бит, темелена на емоциите и уметноста.

Во видео спотот Лара е претставена како сликар, што е целосно нејзина идеја како начин за визуелизирање на тематиката на песната, а драматичноста на испеаните стихови е преточена во секој кадар од новото видео.

Музиката и аранжманот се на Панче Касапски, миксот и мастерингот се снимени во студиото на Лазар Цветкоски, а текстот е на Робин Зимбаков. Видео записот го режирал  Ѓорги Вацев, а зад уникатното сценарио за видеото стои целиот тим.

Стајлингот на пејачите во видеото за „Само сврти се“ се должи на Викторија Бурсак која креирала модерен микс од брендови. Шминката и фризурата се на Даниел Николовски.

„Навистина сум пресреќна што сум дел од овој проект заедно со Панче и многу талентирани лица од музичката индустрија, кои се заслужни за мојата нова омилена песна. Како мој прв дует со македонски артист, моите очекувања се дефинитивно надминати, а снимањето на песната во студиото на Лазар Цветкоски секако делумно допринесе за истото.

Со помош на музиката и желбата да креираме нешто сосема поинакво и оригинално, и со моќните стихови, кои што Робин Зимбаков совршено ги вклопи во оваа песна и кои што пренесуваат автентична емоција, – заеднички успеавме да создадеме оригинално уметничко дело“ – ќе изјави Лара по објавувањето на песната и видеото кои можете да ги проследите во продолжение.

Останати вести од Промотер