Промотер

Ламбе Алабакоски го направи првиот чекор од своето естрадно враќање со – „На чекор од брегот“ (ВИДЕО)

Ламбе Алабакоски го направи првиот чекор од своето естрадно враќање со – „На чекор од брегот“ (ВИДЕО)

По осум години пауза Ламбе Алабакоски, поп-пејачот кој минатата година со семејството се врати од САД во Македонија, денес на пладне, објави новата песна.

Ламбе на Инстаграм напиша дека излегува „На чекор од брегот“, и кажа дека изманитиов период бил тежок за него.

„Мили мои, со многу љубов и ентузијазам работевме изминатиот тежок период на новиот проект „На чекор од брегот”. Нова песна и ново видео! Останете добро и очекувајте наскоро, 12/07/2022, 12:00 напладне“ – напиша Ламбе во објавата како најава на новиот проект.

Песната е снимена е кај Димитар Андоновски, а музиката ја компонирал Александар Тарабунов – Тара кој заедно со колегата Димитар Андоновски го потпишуваат и аранжманот на песната.  Текстот е на Зоран Стојановски – Зонде, познатиот уметнички фотограф и режисер кој го режирал и видеото за песната.

Во неа покрај самиот Ламбе се појавува и Тара како артист кој ја свири акустичната гитара, која оригинално во темата ја отсвирил Александар Таушанов, додека трумпет делниците ги свири Сенад Усеин.

Тој исто така е дел од видеото во кое уште свои улоги имаат танчарите Дора Китановиќ и Илија Кардакоски.

Инаку музички темата делува мошне зрело и напревена е во латино стил, правец кој во последно време Александар Тарабунов како автор и изведувач и самиот го ползува и негува.

„Оваа песна се направи во еден здив од сите, и така ќе ја пеат сите, верувам“ – изјави кусо Ламбе кој своето враќање на сцената го одбележа со, за едни инцидентот, за други „патриотски чин на покажување национална гордост и пркос“ со палењето на вратата на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, за што се чека судската разврска.

Во меѓувреме, премиерно проследете ја „На чекор од брегот“, новата повратничка песна на Ламбе Алабакоски:

Останати вести од Промотер