Радио Милева
креација за провокација

Крупна плетка за секси глетка: Мартија во (п)летен фустан без градник зад воланот на автомобилот го истури сексапилот (ФОТО)

Крупна плетка за секси глетка: Мартија во (п)летен фустан без градник зад воланот на автомобилот го истури сексапилот (ФОТО)

Младата музичка поп ѕвезда Мартија Станојковиќ летото го искористи да одмори и да ги наполни батериите, а со фотографиите кои ги споделуваше од плажа никако не ги остави рамнодушни оние кои и се наклонети и имаат симпатии кон сексапилната кумановка.

Напротив,  никако не им е сеедно на оние кои го „листаат“ нејзиниот Инстаграм, а нивните  „влажните машки погледи“ и задоволните насмевки „од уво до уво“ се најдобар доказ дека Мартија е „риба и на суво“!

Или поточно, како отворена школка со бисер, без оглед дали е распослана на лежалка или се сонча возејќи се на глисер.

 

Откако се врати од летување младата пејачка не престана секојдневно да им приредува ново фото изненадување на своите следбеници на социјалните мрежи.

Дали заради жештините или пак сакајќи да го покаже својот новодобиен чоколаден тен, пејачката среде бел ден облече модерен летен фустан со крупна плетка за нова секси глетка. Модерна креација за нова провокација!

Имено, Мартија седната  во (п)летен фустан без градник зад воланот  на автомобилот го истури сексапилот!

Со пуштена коса, широка насмевка и уште пошироко деколте, со уште едно од низата заводливи изданија, сексапилната  Мартија уште еднаш покажа зошто важи за една од најатрактивните убавици на естрадата во Македонија.

Фото: Инстаграм принтскрин/martijastanojkovic

Останати вести од Радио Милева