Радио Милева
три поенти

Кристина Димитриевска од прашањата на нејзините Инстаграм следбеници извлече неколку поенти: Непристоен предлог, самоубиствена понуда и една дилема – бившиот сопруг е „лошо“ момче или таа е „лоша“ девојка?

Кристина Димитриевска од прашањата на нејзините Инстаграм следбеници извлече неколку поенти: Непристоен предлог, самоубиствена понуда и една дилема – бившиот сопруг е „лошо“ момче или таа е „лоша“ девојка?

Македонмнската мисица, манекенка, модел и пејачка Кристина Димитриевска почна се’ почесто да одговара на прашања на нејзините Инстаграм следбеници. На тетовската убавица очигледно и стана интересно и забавно на тој начин да комуницира со обожавателите на социјалните мрежи, па едно-две, еве нова барање од неа тие да ја прашаат што сакаат, а таа да им одговори онака како што сака… Или како што и одговара!?

Последната тура прашања и одговори сепак многу говори, зашто мисицата ја зачинила со неколку извлечени поенти од нејзината комуникација со фановите во кои се содржани три клучни нешта:

Еден непристоен предлог, една „самоубиствена“ понуда и една дилема…! Но да тргнеме со ред:

Еден од следбениците – прилично конкретен. Со (не)пристоен предлог на невидено… Всушност, на 50% од виденото, зашто тој знае кому нуди брак, ама таа не знае кој и нуди брачна идила, во прашањето: „Да те земем за жена, кажи ДА“? Покажаната тетоважа на прстот, на местото од брачната бурма, како симболичен одговор на убавиицата на непристојниот предлог на нејзиниот таен обожавател со брачни амбиции.

Вториот ем вљубен во Кристина, ем спремен да „гине“ за неа… Неговата самоубиствена понуда уште порадикална од онаа на претходникот.

„Цел живот би го дал за тебе, совршена си лепотице“, е неговиот суициден заклучок, на кој наместо одговор, добил само поглед директно в очи од онаа, за која вљубениот хазардер животот го дава или барем на коцка го става.

Но, она што е некако највпечатлива поента, нешто што најмногу „боде очи“ и се наметнува како дилема е прашањето на третиот обожавател или Инстаграм следбеник, на русокосата убавица. Неговото прашање до неа: „Зошто фините момчиња не можат да си фатат добри девојки?“,  разоткрива или отвора нова недоумица, содржана во одговорот на Кристина: „Сакаат ‘лоши’ девојки“!

Тогаш, ако навистина е така, останува да виси дилемата: Дали бившиот сопруг на мисицата, пејачот Даниел Кајмаковски  е „лошо момче“ или добрите момчиња навистина сакаат „лоши девојки“… за врска или брак, сеедно?

Кристина Димитриевска е на потег да ви ја открие загатката што самата ја постави во одговорот на прашањето на нејзиниот Инстаграм следбеник, во врска со врските на добрите момчиња и „лошите“ девојки!

Фот: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry

 

Останати вести од Радио Милева