Радио Милева
„топење“ од љубов

Кристина Димитриевска има сексапил за секоја прилика, но има срце само за едно момче: Еве во чија прегратка заврши мисицата (ФОТО)

Кристина Димитриевска има сексапил за секоја прилика, но има срце само за едно момче: Еве во чија прегратка заврши мисицата (ФОТО)

Последниот „Макфест 2022“ покажа многу нешта на музичко поле, на кое на висината на задачата беа многумина од авторите и повеќето од изведувачите, но потврди и само едно нешто: Дека харизмата и сексапилот не се учи ниту стекнува со текот на времето. Нив или ги имаш или ги немаш, или ги носиш во себе или не, со нив се раѓаш или не… А само малкумина од протагонистите на фестивалот од пејачките или водителките покажа „дека се родени да мамат машки воздишки“!

Највпечатливата меѓу изведувачите  која на себе ги привлече сите погледи кои буквално се лепеа за неа и нејзината става, секако беше македонската мисица, модел и пејачка Кристина Димитриевска. Долгоногата тетовка оддамна е дама на чиј телесен раскош само еден фрлен поглед го крева „тестостеронот до плафонот“, но овој пат се чини Кристина Димитри (како што и е уметничкото презиме) се надмина себе си!

Костимот само ги потенцираше доволно бујните телесни атрибути, особено за дама која има родено, а сепак на неа се’ е така складно погодено, извајано и речиси совршено!

И пред и за време, а и по „Макфест“  мисицата покажа дека има возбудливи телесни пропорции употребливи за сите естрадни опции: Долгите нозе, обликуваните гради и извајаното га*е, на кои кога ќе им се придодадат погледот кој маѓепсува, шармот и шираката насмевка, јасно е дека Кристина Димитриевска е и за чекорење по модната писта и за моделинг и рекламно-инфлуеснсерска работа, но и доволно добра за на естрадно-музичката сцена, иако гласовниот потенцијали не и е баш така раскошен.

Оваа убавица  дефинитивно во себе носи сексапил за секоја прилика, но има срце за само едно момче!

Имено додека, нејзиниот бивш сопруг однеодамна и јавно споделува емоции и нежности со новата љубов, Кристина заврши во прегратките на овој маж. Мал, но за неа, најголем на свет.

За него ниту мисица, манекенка, модел, пејачка, за нејзиното синче таа е само мајка! Оддана и посветена, која покрај сите професионални обврски се труди да одговори и да му удоволи се’ што треба, може, знае и умее!

Затоа и малечкиот Давид е еден голем „маж“ во нејзиниот живот, со кој заедно уживаат… Во секоја укажана прилика и слободен момент кога ќе можат да бидат заедно! Образ до образ за мајчинска екстаза и… „топење“ од љубов!

Фото: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry

 

Останати вести од Радио Милева