Лице в Лице
без маска...

Кристина Димитриевска: „Ги тепав машките кога ќе ми кажеа дека сум убава“ (ВИДЕО)

Кристина Димитриевска: „Ги тепав машките кога ќе ми кажеа дека сум убава“ (ВИДЕО)

„Како мала тренирав карате, и кога некое машко ќе ми кажеше дека сум убава, јас го тепав. Тоа ми беше понижување, не смееше тоа да ми го каже. Потоа со татко ми почнав да гледам избори за убавина и тој ме научи дека треба да бидам женствена“, открива манекенката, мисица, модел и пејачка Кристина Димитриевска во интервјуто за „Репортер“. Ретко кој знае дека од татко ѝ ја наследила и насмевката, па му ја пренела и на својот син Давид, кого го има од бракот со пејачот Даниел Кајмакоски. Давид ѝ е сè, а за поранешниот сопруг, со кого го има синот, не сака многу да зборува. Вели дека и денес се чуди што лани летото Даниел ја обвини дека пробала да го отруе со кафе.

„До сега не сум зборувала за ова јавно. Тоа беше само една лажна манипулација што ја решив преку надлежните органи. Луѓето што сакаат да изманипулираат и наштетат, само на себе можат да си наштетат“, раскажува Кристина.

Во нејзиниот омилен ресторан во Скопје, таа зборуваше за изборите за убавина на кои учествува повеќе од десет години, но и за круната што ја освои лани, кога стана Мис карантин на светот: „Сакам да сум последна девојка со ваква титула, а на светот да не му се повтори короната“!

Покрај тоа што манекенството ѝ е прва љубов, таа пред некое време стана пејачка. Сега скоро секој викенд настапува во клубовите низ Македонија, а на настапите секогаш е заедно со диџеј Боно, кого го запознала пред четири месеци. Тие заедно работат и на нивната прва заедничка песна.

„Иако се знаеме толку кратко, имам чувство дека се познаваме со години. Поради таа близина, која се гледа и на сликите, најверојатно се појавија муабетите дека сме во љубовна врска“, ни кажа Кристина.

Во разговорот откри и како реагираат девојките и жирито на изборите за мис кога ќе дознаат дека е мајка. Зборувавше и за родителите, зошто одбила да се пресели во Америка, како се снаоѓа во кујната, зошто диџеј Боно бил опседнат со неа пред да се запознаат, каков возач е и за колку време најбрзо стигнала од Белград до Скопје…

Останати вести од Лице в Лице