Радио Милева
пак претерува?

Кристијан Голубовиќ се пофали со нешто, што е тешко за верување: „Симнав 20 килограми и сега имам секс 10 до 20 пати на ден“! (ФОТО)

Кристијан Голубовиќ се пофали со нешто, што е тешко за верување: „Симнав 20 килограми и сега имам секс 10 до 20 пати на ден“! (ФОТО)

Поранешниот гангстер од жешкиот белградски асфалт и ријалити учесник Кристијан Голубовиќ се пофалил дека изгубил речиси 18 килограми со намалување на шеќерот и јаглехидратите, но и значително зголемување на сексуалната активност!

„Кога го намалив внесот на јаглехидрати ја зголемив сексуалната активност до максимум и ослабев речиси 20 килограми – вели Кристијан, кој пред овие промени тежеше 138 килограми.

„Кристина и јас бевме растргнати поради бројните обврски, одевме од град во град, па јадевме каде што ќе стигнеме,  во ресторани, по кафеани … Не одев рано во кревет, не јадев на време, јадев брза храна, затоа само се дебелеев… Кога се погледнав во огледало, сфатив дека морам да ги променам навиките од корен“ – вели Голубовиќ и додава дека потоа одлучил да сврти нов лист.

„Ја поправив исхраната, престанав да јадам слатки и да пијам газирани пијалоци и што е најважно, сега имам секс 10-20 пати на ден. Активна сум пет до шест часа дневно во кревет и резултатите се тука. Така, сега, ако еден ден го прескокнувам сексот, буквално сум во криза“ – се пофали Кристијан и додаде:


„Јадам месо исклучиво со салата. Во никој случај со компири или рижото. На тој начин не се дебелеам, и ги добивам протеините што ми се потребни. Мерката е исто така важна, не треба да се прејадувате. Кога ми е најслатко, јадам само уште еден залак и застанувам. Ако сум уште гладен, ќе изедам дузина апетисани, бадеми, лешници или индиски ореви за половина час и потоа ми е супер“ – раскажува гордо Голубовиќ.

Иако она со што се пофали кога е дневната дозана на сексуална активност во прашање, не е баш за верување, можеби токму во апетисаните е тајната на „моќта и супериорноста“ во постела, на доскорешниот „задругар“?!

Фото: Инстаграм принтскрин/kristina_spalevic

Останати вести од Радио Милева